Ридот Капитол

Загреб, Хрватска

Град Загреб е оформен во средината на XIX век при соединувањето на два помали градови, расположени на соседните ридови - Капитол и Градец. Во тој период градот се развива значително и се шири во јужна насока. Историјата на развитокот на хрватската престолнина започнува од далечната 1094 г., кога унгарскиот крал го прави Капитол римокатоличка епископија. Тогаш за прв пат во историските извори се спомнува името Загреб. Капитол станува духовен центар, додека на соседниот рид Градец се развива пред се' како занаетчиска и трговска средина. Едно од најинтересните места во Капитол е големиот плоштад, во средината на кој се издига прекрасна статуа на благословената Девица Марија. Тука е катедралата ''Вознесение Богородично''. Во близина се зачувани многу убави старински куќи од различни епохи. Посетителите на Капитол можат да видат и дел од портата на средновековниот град.

Екскурзии и одмори до Хрватска »