
Ривиерата на циклопите е 12-километарска отсечка од брегот, расположена северно од град Катанија, Сицилија. Прекрасната брегова линија е крстена на легендите, односно огромните карпи, расположени во морето. Некои од нив се со височина до 70 метри. Има најразлични легенди за овие камења, вклучувајќи еден од циклопите - Полифем - гигантскиот син на Посејдон. Според една од нив, Полифем ги фрла камењата во морето, за да го изрази незадоволството кон Одисеј. Според другата легенда и Полифем и еден овчар на име Ачи биле зањубени во иста жена - нимфата Галатеја. Гледајќи го како опонент, Полифем го убил Ачи, со тоа што фрлил врз него огромен камен. Тогаш Галатеја ги помолила боговите да и' го вратат нејзиниот љубен, а тие го претвориле во река, која се влевала во морето, таму каде што Ачи и Галатеја се среќавале. Денес, повеќето од градовите, кои се наоѓаат на овој брег (Ачиреале, Ачи Кастело, Ачи Треза и др.) ги должат своите имиња на оваа легенда. Брегот и блиските камења се дел од заштитената зона со големи разновидности на флора и фауна, убава морска пространост и бујна подводна растителност.