
Река Висла е најдолгата и најголема река во Полска, како и 9-та по должина во Европа, со должина од 1047 км. Таа е важен извор на живот, тарнспортна артерија и е дел од убавината на Полска. Тече низ големи градови, како Краков и главниот град-Варшава. Во минатото се користела за рекреација, но денес не е препорачливо капешето во неа, затоа што се загадила уште во времето на комунизмот. Покрај тоа, љубопитните би можеле да крстарат по неа додека се во град Краков, како и да го посетат музејот посветен на неа во град Гдањск. Во Варшава на левиот брег луѓето можат да се забавуваат, да пробаат различни јадења и да се вклучат во културни настани, додека денсиот брег на реката е дел од Натура 2000 - животна средина на многу видови птици, кои се загрозени видови.