Резерват “Масаи Мара”

Кенија

Резерватот „Масаи Мара” е продолжение на резерватот „Серенгети”., кој се наоѓа во Танзанија. Се наоѓа во Југозападна Кенија, блиску до границата со Танзанија, на приближно 275 км. од Најроби. Откриен е во 1974 г., а територијата му опфаќа површина од 1510 км.кв. - низини и шумски локалитети. Претставува најбогатиот и најчесто посетуваниот резерват за диви животни во Африка.

 

“Масаи Мара” е познат со тоа, дека е единственото место на светот, каде сите претставители на "големата петорка" можат да се видат одеднаш за само едно утро со моторизиран ловен круг. Ова е името, кое европските ловци и трагачи по авантури некогаш дале на петте најопасни животни на афричкиот континент - афрички слон, црн носорог, леопард, афрички бивол и лав.

 

Од јули до октомври можат да се видат годишните миграции на повеќе од 1,3 милиони диви животни - зебри и газели од Серенгети, кои се гонети од лавови, обични леопарди, мали леопарди “чита” и хиени, придружувани од громогласните мршојади. Омилениот начин за набљудување на дивата природа е летањето со балон, особено при изгревот на сонцето.

Екскурзии и одмори до Кенија »