Равена

Равена, Италија

Равена е град во регионот Емилија-Ромања. Населението на градот во 2009 г. изнесувало околу 157 500 жители. Градот е сврзан со Јадранското Море со пловен канал. Свети Аполинариј е покровител на Равена, како официјалниот празник на градот е 23.07 - денот на кој се слави светецот. Првенствено областа, каде што се наоѓа денешниот град Равена била населувана од умбрите. Во 2 век п.н.е. Римјаните го колонизирале овој регион и императорот Октавијан Август заповеда таму да се изгради бојното пристаниште Класис, околу кое брзо се развива римскиот град. Равена е последниот главен град на Западната Римска Империја, по паѓањето на Рим во 5 век. Основна гранка е туризмот. Во Равена има неколку нефтопреработливи претпријатија, како и хемиски и енергетски. 

 

Во Равена може да се видам многу споменици со византиска архитектура, богато украсени со монументални византиски мозаици - најубавите мозаици во Западна Европа, кои се меѓу најголемите богатства на градот. Во 1996 г. во списокот на УНЕСКО влегуваат неколку обекти во Равена. Една од популарните забележителности во градот е базиликата „Св. Виталиј” – осмоаголна зграда, која се смета архитектурно богатство. Мозаиците, кои ги покриваат нејзините ѕидови, ја опишуваат дворската свита на имеператорот Јуистинијан и на неговата сопруга Теодора. Средновековната населба во Равена се наоѓа во околината на плоштад „Пополо”, опсипан со кафичи и интересни старски згради. Друг популарен туристички објект е гробот на Данте -  еден од великите поети на Средновековието, кој умира во Равена во 1321 г.

 

 

Екскурзии и одмори до Италија »