
Равело е град и општина во Јужна Италија. Тој е морско одморалишно градче во регион Кампања, провинција Слерно. Населението брои околу 2 500 жители, во 2009 г.
Градот е основан во 6 век од римјаните и бил дел од републиката Амалфи во 9 век.
Повеќето архитектурни забележителности во Равело се од 11-13 век и се во арапско-сицилијански стил. Типилни за градот се тесните и стрмните улици. Една од важните забележителности е Катедралата, која е изградена во 11 век. Во 28 век се реставрации и целосниот вид на катедралата е променет. До денес единствено се зачувани бронзените врати во романско-византиски стил, како и мозаиците за проповедање. Други интересни згради се вила ''Чимбрионе'' и вила ''Руфоло'' со ботаничката градина.
Главен сектор во економијата на Равело е морскиот туризам.