Пулија

Италија

Пулија е трезор на уметноста, историјата и природата. Земја на сонцето и гостоприемството која е расположена на ивица на земја во Југоисточна Италија, во стратешка положба во срцето на Средоземноморието. Вакови на историја и голем број на фасцинантни пејсажи се само дел од причините, поради кои Пулија е толку уникатна дестинација, таква каде што ќе се насладите на некои навистина незаборавни доживувања. Широки хоризонти, смели бои, понекогаш сурови и малку лунарни. Насладете се на маслиновите гори, августска вечер, со велосипед или со кола, возите бавно, така да можете да уживате во секое време, за да се насладите на глетките. Пулија со своите 800 км крајбрежна ивица е прегрната од две неверојатни мориња. Јонското и Средоземното Море создале множество различни брегови, со стрмни карпи со поглед кон цветни морски дноа и златни плажи, наклонети во кристално чисти води. Внатре, незагаденото царство на прироата вклучува големи долини и нежни ридови покриени со маслинови дрвја, лозја и раскошни гори, како и некои изненадувачки морски градини. Од древните грци до римјаните, од византијците до норманите и од германците до ангевините многу цивилизации се смениле една после друга во управувањето на Пулија.

Екскурзии и одмори до Италија »