
Пула е најголемиот град на полуостров Истра, со население од околу 60 000 жители. Пула е едминистративен центар на Истра. Се одликува со меката и пријатна клима, со неверојатната глетка кон морето. Градот има долга традиција во винопроизводството, риболов, бродоградителство и туризам.
Интересен факт е, дека во 1905 г. ирскиот писател Џејмс Џојс предава англиски јазик во локално училиште.
Како резултат на богатата историја, Пула е град со културно разнообразие од архитектура, обичаи и традиции, дел од кои се позајмени од Средоземието и Централна Европа. Архитектурата на Пула ги одразува тие моменти од историјата - меѓу забележителностите на градот се многуте зачувани објекти од римската епоха, вклучително еден од најфасцинантните римски амфитеатари во светот - Арена Пула.