
Островот Пукет е една од најпопуларните туристички дестинации во Југоисточна Азија со површина од околу 540 км.кв. Пукет и околните острови се образувани од високи варовнички карпи, кои се издигнале вертикално од морето. Расположен блиску до западниот брег на Тајланд во Андамандско Море, Пукет е голем колку Сингапур. Главниот град е Пукет таун, каде се наоѓа администрацијата, поголемите бизнис хотели и продавници, додека во одморалиштата се расположени туристичките згради. Патоне можеби еден од најпреферираните и посетувани туристички места на островот, на околу 20 минути од Пукет Таун. Тој привлекува илјадници туристи годишно, најповеќе поради бурниот ноќен живот и многуте туристички пазари.
Пукет ги има сите претпоставки да се нарече рајско место: плажи со мел и чист песок, заобиколен од сина вода, оживеан ноќен живот и најразлична кујна. Пукет дури е на чело на класирањата за рајско место за одмор на едно од најпознатите туристички списанија, кој во последните години го надминува Бали и Себу.