
Резерватот е најголемиот во Јордан и вклучува огромно разнообразие од песочни карпи, околу 600 видови растенија (почнувајќи од цитрусни дрва и смрека до пустиски акации и палми), како и околу 180 видови птици. Над 45 видови цицачи (од кои 25 видови се загрозени) исто така го населуваат резерватот, вклучително и дива коза, планинска газела, црвена лисица и волк. Како надополнување на природните чуда на резерватот Дана, има скоро 100 археолошки објекти на неговата територија.
Руините на Киберт Фејнан (Khibert Feinan) се дел од забележителностите. Има бакарни мини, кои датираат од 6000 година. Тогаш тие биле најголемите места за топење на метал во Блискиот Исток. Ридовите, се уште содржат мед, но јорданската влада дава солгласност да се прекрати рударското дело во резерватот.
Туристите имаат можност да ги разгледаат руините на три цркви и кула. Не многу далеку има природни тераси, во кои растат фстак, бадем, орев, калинка, лимон и јаболка.
езерватот е прекрасно место за мирно и пријатно поминување на слободното време со цел туризам или само оддих по патот од Мадаба или Мртво Море, Петра, Вади Рум и Акаба.