Преторија

Преторија, Јужно Африканска Република

Преторија е главен град на Јужноафриканска Република. Градот е основан во 1855 г. од западно европски доселеници и е наречен по тогашниот претседател на Бурската јужноафричка република (Трансваал) Мартиниус Преториус по името на неговиот татко Андриес Преториус, кој станал национален херој по победата под негова команда над зулуските напаѓачи во битката кај Крвавата Река. Во 1860 г. Преторија станува главен град на Трансваал, а подоцна на Јужноафриканскиот сојуз.
Населението на Преторија е блиску 3 милиони жители, повеќето од кои зборуваат афиканс (дијалект на холандски јазик).
Градот е изграден по падините на неколку ридови. Тука во 1905 г.е пронајден најголемиот отркиен дијамант - „Кулинан“, со размер на тупаница и со околу 3000 карати. Тогашната управа го поклонила дијаманто на крало на Англија - Едвард VII.
Екскурзии и одмори до Јужно Африканска Република »