Премин "Виторио Емануеле"

Милано, Италија

Преминот "Виктор Емануил" претставува престижна трговска галерија во центарот на Милано. Галеријата го носи името на првиот крал на обединета Италија - Виктор Емануил II (1861 - 1878). Зградата е градена 11 години - од 1867 до 1878 г. За да биде изградена зградата, требало да се разруши стар, историски дел на градот. Поради тоа, многу од жителите на Милано првенствено не го одобрувале проектот. Гледајќи ја зградата, тие се вњубуваат во неа и таа се претвора во преферирано местон за средби. Често ја нарекуваат ''Салонот на Милано''. Архитектот на галеријата Џузепе Менгони - има трагична судбина. Тој паѓа од покривот на зградата само неколку дена пред нејзиното отворање. И покрај тоа, тој успева да го види успехот на своето творештво. Трговскиот центар има форма на крст, висок е 47 метри, а куполата му е изградена од железо и стакло. Преминот поврзува две од најзначајните забележителности во Милано - Миланската катедрала и операта Ла Скала. Под стаклениот покрив можете да најдете многу кафичи, ресторанти, бутици, антикварници и книжарници. Според старо кажување, ако човек застане во центарот на Преминот и посака желба, а после тоа ако се сврти за 360 степени, желбата ќе му се исполни.

Екскурзии и одмори до Италија »