
Порторож е прекрасно одморалиште, расположено на Јадранско Море, во југозападниот дел на Словенија. Тука има се' неопходно за совршен одмор. Големи и луксузни хотели, чиишто лифтови ве спуштаат директно до плажа. Помали и пријатни хотели, од чиишто прозорци го гледате синото Јадранско Море. Вили за гости во различни стилови, каде наутро ви носат домашен приготвен појадок. Има богат избор каде точно да отседнете. Каде и да се наоѓате, плажата е на околу 10-15 минути пешачење.
На ваше располагање се СПА центрите, студија за масажа, курсови по јога и танци и неверојатни плажи. Всушност, во Порторож има се', кое може да го посакате за време на одмор. Вклучително и неверојатни ресторанти, слаткарници, ноќни клубови, дискотеки.
Венеција е на 20 мин. пловење со ферибот, така што, наместо да ја гледате од брегот, посетете ја. Ако сакате да разгледувате објекти или да отидете на концерт - прекрасниот град Пирам со зачувани средновековни згради е на 2 км. растојание.
Во Порторож се одржува еден од најголемите фестивали на рекламата во Европа - "Golden Drum".