Порто

Порто, Португалија

Порто на португалски јазик - Порто, но се изговара Порту е град во северозападниот дел на португалија. Познат е со истоименото вино „Порто“ (портвајн). Заедно со градот Ротердам е избран за европска престолнина на културата за 2001 година. Расположен е на северниот брег на река Дуеро, блиску до нејзиното влевање во Атлантскиот Океан. Градот е втор по големина во државата со население од околу 270 000 жители, а во агломерацијата може да достигне и над 1 700 000 жители. Името на Порто се споменува уште во 5 век и во римско време. Пред создавањето на португалската држава, денешниот град Порто го носел името Портус Кале, што значи „пристаниште на кале“. Прекарот на градот е Invicta -Непобедуван (поради тоа што, ги издржал римјаните, маврите, Наполеоновите војски). Во 1754 г. италијанскиот архитект Насони ја проектира камбанаријата, подигната во една од централните околини на градот и станала негов симбол: Торе душ Клеригуш - кула на свештениците. Во 18-19 век градот станува важно индустриско средиште и населението му се зголемува. Изградени се железниот мост  „Луиш I“ и железничкиот „Марија Пија“ од Густав Ајфел, како и централната станица „Сао Бенто“. Основан е и универзитетот „Аула де Наутика“ во 1762г.

Екскурзии и одмори до Португалија »