
Порто Мониш е мало градче во северозападниот дел на остров Мадеира. Наречено е на португалскиот благородник Франциско Мониш од Алгавре, кој се населил тука во 1533 г. Во минатото главната егзистенција бил уловот на делфини и риболовот, а денес локалното население се занимава со винарство и туризам.
Градот најмногу е познат со природни базени, оформени од вулкански карпи по крајбрежјето. Тука има пристаниште, место за слетување на хеликоптери, модерна крајбрежна улица.