Полонарува

Дамбула, Шри Ланка

Полонарува е срдновековна престолнина на Шри Ланка. Во текот на многу години тој бил резиденција на владетелите на Анурадхапура. Тука тие преферирале да одмараат, а при напади од тамилите на ова место тие наоѓале сигурност, заслон и заштита.

Со право некогашната престолнина се сметала за најдобро планираниот археолошки локалитет во Шри Ланка, а нејзината убавина е потврдена о секој, кој ја имал среќата да се испави пред овој неверојатен пејзаж.

Археолошките ископини се започнати на почетокот на 20 век, а главната забележителност е камениот храм Гал Вихара - најпознатион храм во Шри Ланка. Самиот манастриски комплекс Гал Вихара е исечен во карпите и до така создадените вештачки пештери е поставена монолитна статуа на Буда во лежечка положба, која е долга цели 15 метри. Друга забележителност на древниот град е храмот, познат со името ''Бисерот на Цејлон'' или Ланкатилака, пред чиишо гигантски статуи човек нема начин како, а да не се почуствува мал.

Екскурзии и одмори до Шри Ланка »