
Пном Пен е главен град на Камбоџа. Градот е расположен на местото каде се собират реките Саб, Басак и Меконг. Градот е основан во 1434 г. и бил главен град на Камбоџа неколку пати. Жителите на Пном Пен се околу 1,5 милиони жители од вкупно 14,8 жители на Камбоџа, тоа го прави најгусто населениот град во државата. Престолнината била нарекувана ''бисерот на Азија'' и еден од најубавите Француско изградени градови. Во денешно време градот е познат со многубројните музеи и со тоа дека е изграден околу пагодата Преа Морокот.