
Тијананмен е плоштад во Пекинг, главниот град на Кина и е еден ид најголемите во светот. Се простира на територија од 880 метри на север-југ и 500 метри исток-запад со целосна површина од 440 илјади м.кв. и може да собере околу 1 милион луѓе. Плоштадот го носи името на вратата ''Тијананмен'' (во буквален превод ''Вратата на небесното спокојство''), изградена е во северниот дел на плоштадот, која го одделува од Забранетиот град. Изградбата му започнува во 15 век за време на династијата Мин и е целосно завршен на крајот на 17 век од династијата Џин. Плоштадот се здобива со слава за време на студентските немири во јуни 1989 г. и многубројните жртви при судирот со воените сили. На плоштадот се одржува парада на кинеската армија на 1-ви октомври - национален празник на Народна република Кина.