Плоштад "Университа"

Катанија, Италија

Плоштадот "Университа" се наоѓа на неколку метри од централниот плоштад "Дуомо", по должина на улицата "Етна" во град Катанија, Сицилија. Тој е еден од најзабележителните плоштади во Катанија. Плоштадот датира од 1696 г., кога е изградена зградата на универзитетот, по катастрофалниот земјотрес од 1693 г. Универзитетот е изграден и е проектиран од различни архитекти, влучително Франческо и Антонино Баталија и Џовани Батиста Вакарини. На источната страна, пред зградата на универзитетот, се наоѓа дворецот "Сан Џулијано", изграден во 1738 г. На јужната страна на плоштадот е грбот на општината на Катанија, т.н. Дворец на слоновите. Во 1957 г. на плоштадот се поставени четири уметнички ламби од бронза.

Екскурзии и одмори до Италија »