
Плоштадот ''Свети Петар'' е расположен директно под истоимената базилика во Ватикан. Пространството пред катедралата на ''Св. Петар'' било проектирано одново, од можеби најголемиот скулптор познат на човештвото Џанлоренцо Бернини, во периодот меѓу 1656 до 1667 г., под раководството на папата Александар VII. Плоштадот е така расположен и оформен, за да дава можност на големиот број поклоници , кои дошле во Ватикан, да можат лично да го видат папата, кој им дава благослов од центарот на фасадата на црквата, или од прозорецот на ватикаснкиот дворец. Бернини работел цела деценија врз интериорот на ''Свети Петар''. Во тој поглед, треба да се одбележи великоста на колонадите кои го опкружуваат плоштадот, декорирани во тоскански и дориски архитектурен стил. Над секоја од колоните по должина на плоштадот се поставени статуи, кои се доказ за неверојатното мајсторство и талент на италијанските гении на архитектурата и скулптурата сео векови назад. Во центарот на плоштад ''Свети Петар'' се издигнува обелиск, а од неговата друга страна се наоѓа фонтаната на Карло Мадерно.