
На плоштад "Сан Барнаба" во Венеција се наоѓа истоимената црква, посветена на апостол Свети Барнаба. Католичката црква е во неокласичен стил. Првично била изградена црква на ова место во IX век, но била разрушена во пожар во 1105 г. Обновена е во 1350 г. Во сегашниот вид црквата постои од 1776 година, кога е реставрирана одново под водство на Маркантонио Гримани. Дизајнот е дело на Лоренцо Босчети. До главниот корпус е поставена конусовидна кула во формата на борова шишарка, изградена во 1300 г. Од левата страна на Сан Барнаба е влезот за Казино деи Нобили (Казино на аристократијата), кој претставувал популарна изгрална сала во 18 век. Во моментот во црквата се одржуваат голем број на изложби.