
Плоштад "Росио" се наоѓа во центарот на Лисабон. Тој е еден од најживите плоштади во Португалскиот главен град. Тука е секогаш полно со луѓе, кои се шетаат или одмораат во околните кафичи - од кои најпознатото е "Арт деко Кафе Никола" во јужниот дел на плоштадот. Од другата страна има две барокни онтани, а во центарот на ''Росио'' има споменик висок 27 метри. Споменикот претставува пиедестал со мермерна фигура, која ја изразува спреведливоста, мудроста, силата и модернизацијата на Дон Педро IV.