Плоштад ''Каталонија''

Барселона, Шпанија

Плоштадот ''Каталонија'' е срцето на Барселона. Географскиот центар на градот е обележан со голема ѕвезда на плоштадот, но постои варијанта воопшто да не ја забележите, освен, ако, не погледнете од високо. До 19 век, тука немало ништо друго, освен коњски штали. Со промената на архитектурниот план на градот, местото било планирано да се претвори во плоштад. Сопствениците на парцелата одбиле да го продадат местото и затоа биле избркани, а имотот - запленет. Во 1902 г. започнала изградбата на првиот плоштад, а во 1929 г. тој бил обновен за Светската изложба. Статуите, кои денес се расположени околу убавата фонтана се додадени покасно, а многубројните гулаби создаваат неповторлива атмосфера. Околу плоштадот ќе ги откриете канцелариите на водечките шпански банки, еден од најголемите трговски центри во Барселона - El Corte Ingles, многубројни ресторанти и барови (тука се наоѓа и најпопуларниот бар во градот - ''Цирих''), како и една од канцелариите за туристичка информација.

Екскурзии и одмори до Шпанија »