
Пиаца дел Кампо е средновековен плоштад во историскиот центар на Сиена, Италија. Тој е заобиколен од дворциод XIII и XIV в. Плоштадот има форма на вдлабната школка, разделена на девет ивици, во спомен на Управувањето на деветте. Изграден е таму, каде што се соединуваат ттрите ридови на Сиена: Кастеларе, Камолиа, Сан Мартино. Плоштадот е изграден од црвени тули, подредени на рибја коска. Во центарот на плоштадот се наоѓа фонтаната ''Гаја'' (фонтаната на светот). Фонтаната е изградена во 1419 г. од бел мермер по повод пуштањето на првиот водопровод во Сиена. На него е поставена слика на Божјата мајка. Пиаца дел Кампо е градска централна сцена на местото, каде се одржуваат многу настани. Најпопуларното од нив е традиционалното коњско тркање во Сиена - Палио, кое се одржува два пати во годината.