Плоштад "Бан Јосип Јелачич"

Загреб, Хрватска

Плоштад "Бан Јосип Јелачич" се наоѓа во самиот центар на Загреб и постои од 17 век. Зградите околу денешниот плоштад биле градени во текот на стотици години и претставувале палета од стилови - од класицизам и сецесион до модернизам. Најстарата зграда на плоштадот, на №15, е изградена во 1827 г. Според една легенда, Загреб го добил името од случајна средба на овој плоштад, кога еден вицекрал извикал на едно момче, кое стоело до бунарот: “Мандушо, зграби/заграби/“ и оттогаш бунарот се нарекува Мандушевац, а градот Загреб. Самиот збор “загреб“, значи ров, бразда или пак можеби фактот, дека градот бил заобиколен со ров кој го дал името на градот. Фонтаната Мандушевац, расположена во источниот дел на плоштадот, се наоѓа на само неколку чекори од вистинскиот извор. Тој е атракција за туристите и за жителите на Загреб, кои фрлаат монети во него за среќа. Плоштад "Бан Јосип Јелачич" има неколку имиња. Првично бил крстен по изворот “Мандушевац“, до 1614 г., кога градската управа решила да ја претвори оваа површина од извор во пазар: немало место за зголемување на пазарите во Каптол и Градец и било решено пазарот да се премести во долниот дел на градот. Со нарастувањето на градот пазарното место станувало се' поважно и престанало да биде покраина, а се претворило во главен градски плоштад. Името на плоштадот било променето во ““Хармика“, а “хармика“ се нарекувала увозната давачка на стоките, која била собирана на пазарот. Во тоа време “Хармика“ бил заобиколен од север и исток со куќи. На крајот на 18 век на плоштадот била изградена голема болница, од која на улица “Илица” №1 е зачувана “Капелата на Ранетиот Исус“. Во средината на ХІХ век плоштадот повторно бил преименуван, овој пат по името на хрватскиот вицекрал Бан Јосип Јелачич. По Втората светска војна комунистичката влада го променила името во “Републички плоштад“ и наредила да се тргне статуата на вицекралот. Во 1991 г. статуата била вратена на старото место, а плоштадот го вратил своето претходно име.

Екскурзии и одмори до Хрватска »