
Национален парк ''Плитвички Езера'' е најстариот парк на територијата на Југоисточна Европа и најголемиот национален парк во Хрватска. Основан е во 1949 г. и се наоѓа во карстна планинска област во Централна Хрватска, на границата блиску до границата со Босна и Херцеговина. Заштитениот локалитет се простира врз површина од околу 300 км.кв.
Во 1979 г. Националниот парк ''Плитвички езера'' е вклучен во листата на УНЕСКО за светски природни наследства.
Главната атракција на паркот е каскадата на Плитвичките езера - 16 на број, образувани од неколку карстни реки и поврзани со каскади од фасцинантни водопади. Езерата се стапаловидно подредени и се делат на два системи - Горни и Долни Плитвички езера.