
Градот Плевен е расположен во централниот дел на Дунавската низина. Историјата на градот и регионот е илјадагодишна. Првите доселеници се вдомуваат тука уште во V век п.н.е., а последователно, тука постои римска патна станица и тврдина. За време на средновековието во долината на река Тученица е подигната цврста тврдина. Градот се соочил со 5-месечна опсада за време на Руско - Тусрката војна за слобода во 1878 г. - се подига цврст туски гарнизон, кој дава отпор на руската армија - ослободител. Борбите биле жестоки и крвави, а на 10 декември, кога е празникот на градот, османската власт во градот официјално капитулира. Најинтересните знаменитости на градот се Историскиот музеј, Панорамата "Плевенска епопеја", Музеот на виното во парк "Кајлака" и остатоците од тврдината Сторгозија.