
Националниот парк Симиен е едни од најважните живописни места на светот. Објавен е за споменик на светското природно наследство од УНЕСКО и претставува карпест масив, исечен од засеци и клисури, спуштајќи се надолу кон богати пасишта и широки долини. Највисокиот врв на Етиопија е врв Рас Дашен, кој е висок 4620 м., тој е и четвртиот по височина на афричкиот континент. Во паркот може да се сретнат и некои ретки животински видови, како геладовите бабуни, симиенската лисица, етиопскиот волк и големи мршојадци. Главна цел на паркот е да се заштитат последните илјада диви кози - ибекс, кои не се среќаваат на никое друго место во светот.