
Бондај Бич е плажа долга 1 км, која се наоѓа во близина на град Сиднеј, Австралија. Во 1851 г. Едуард Хол и Франсис О'Брајан купуваат 0.81 км. кв. од околината Бондај, која вклучува и голем дел од плажата. Меѓу 1855 и 1877 година О'Брајан закупува уште од земјата во која го вклучува и останатиот дел од плажата и решава да ја забрани плажата за надворешни лица, но општината решава да се вмеша, и така на 2 јуни 1882 г. Бондај Бич сѕанува јавна плажа. Плажата е една од туристичките атракции во околината. Бондај Бич не ги привлекува само туристите, но и многу сурфери, така што во поголемиот дел од годината морето им дозволува на сурферите да се насладуваат на брановите.