
Пиза е град во регионот Тоскана, Централна Италија. Населението брои околу 88 000 жители. Иако градот е познат по својата Крива кула, во Пиза има повеќе од 20 историски цркви, дворци, средновековни места и неколку мостови над реката Арно. Во XII-XIII в. Пиза е центар на државата со трговски интереси во целото Средоземноморие. Во овој период е изградена позната Крива кула. Таа претставува камбанарија и е дел од цел религиозен комплекс. Се смета за чудо на архитектурата. Во периодот на Римската империја, Пиза е центар на воени конфликти, кое носи големо богатсво на градот. Пиза е родното место на Галилео Галилеј и Леонардо Фибоначи. Во градот е исклучително добро развиен туризмот. Постојат многу ресторанти, кои предлагаат типична тосканска кујна.