Пиаца "Кастело"

Торино, Италија

Пиаца "Кастело" е еден од главните плоштади во Торино, Северна Италија. Тука се наоѓаат многу музеи, театри, ресторанти и кафичи. Квадратниот плоштад е историскиот и политичкиот центар на Торино. Тоа местото каде што се наоѓа Кралскиот дворец на Торино. Тој е историски дворец на Савојската динстаија, која владее со териториите Савоја и Пиемонт низ Средновековието и од која потекнуваат неколку италијански кралеви. Дворецот е изграден во 16 век, а после тоа е модернизиран од Кристина Мари Бурбон-Француска со дизајн на барокниот архитект Филипо Јувара. Собите во дворецот се богато декорирани, украсени со гоблени, колекции од кинески и јапонски вазни. Тука се наоѓа и најважната колекција од оружја и оклопи на Савојската династија. Врз цасрките порти на дворецот е прикажан златен отпечеток на мадуза, со цел да брка злонамерни гости. Во 1997 г. дворецот е додаден во споскот со објекти под заштитата на УНЕСКО. Денес функционира како музеј. На пиаца ''Кастело'' се наоѓа и дворецот ''Мадама''.

Екскурзии и одмори до Италија »