Пештерните храмови на Дамбула

Дамбула, Шри Ланка

Пештерните храмови на Дамбула се неверојатна туристичка атракција и грандиозен историски споменик на будизмот. Самиот град Дамбула е расположен во централата на провинција на Шри Ланка, на околу 20 км од Сигирија, по средината на патот меѓу Сигирија и Канди.

Во областа има околу 80 пештери, кои се всушност храмови за поклон. Некои од нив постојат уште од 1 век п.н.е., и се користеле ид локалните монаси за медитација. Без спор најатрактивен е Златнит храм на Дамбула, кој е најразмерниот и најзачуваниот сличен храм во цела Шри Ланка. Цели пет одделни пштерни храмови влегуваат во составот на ова свето место.

Во секој од нив има множество хиндуистички и будистички стенописи и статуи. Тие датираат уште од 12-12 век., кои претставуваат ликови на самиот Буда, на суштества, кои го посочуваат патот кон просветлувањето и на различни богови и кралеви. Таванот на Златниот храм е покриен со сложни цртежи, кои олицетворуваат моменти од животот на Буда. Храмот на боговите во Дамбула ја гради првата пештера. Во неа се чува статуа на врховн водач кој умира, која е висока 14 метри. Лицето й е безизразно и ладно, а телото е покриено со долго платно.

Најголема и впечатлива е втората скална пештера, во која се влегува преку свечен влез со висока околу 6 метри арка. По краевите, каде што се наоѓаат прикажани камени фигури на пазачи.

Третата пештера се состои од два дела. Особено интересна, таа е втората по големина во комплексот и има шарени, јарко обоени статуи. Преовладува жолтата боја, која е типична за прикажување во будизмот. Тука се наоѓа статуата на религиозен водач, кој ја потпрел главата врз десната рака.

Четвртата пештера е т.н. Западен харм, во кој се чуваат околу 10 статуи на Буда, извајани од карпите. Последната ќелија за поклон е најмалата и најнова, таа е издлабена на почетокот на 20 век и во неа се чуваат 11 фигури.

Екскурзии и одмори до Шри Ланка »