
Петра претставува древен карпест град, кој буди восхит кај туристите. Неговите згради се изумителни, издлабени во карпите, чиишто бои се преливаат во различни нијанси на кремаво, окер, розово, пурпурно до темно кафеаво. Впечатливо е како одделни карпести слоеви се испреплетуваат и образуваат цветни варијации, кои се дел од т.н. ''згради'' на локалното население во минатото.
Ете зошто и името на градот е тоа - Петра. Тоа има грчко потекло - Petra значи карпа, камен.
Град Петра е расположен во планинската долина Вади Муса во Јордан - долината, која се наоѓа покрај заливот Акаба.
По задлабочени проучувања се стигнува до мислењето, дека ова природно чудо датира од околу 6 век п.н.е. Тогаш Петра бил важен трговски центар, затоа што се наоѓа на раскрсница на два главни трговски рути. Падот на Петра започнува по промената на трговските патишта. Во 363 г. земјотрес го руши градот и го уништува водниот систем. Градот останува во руини до 12 век, кога е преземемен од крстоносците и тие таму создаваат своја цитадела.
Меѓу најпознатите згради во град Петра е озогласениот Ел-Казнех или Ал-Казнех, кое на арапски значи ''трезор''.