
Пераст е убав мал град на брегот на Которскиот Залив, исклучително привлечен туристички објект. Ова е стар историски град, во кој се чувствува силното венецијанско влијание. Пераст е град на познати морепловци, на образовани и богати луѓе и творци - град со традиции. Во XVIII век имал само 1643 жители, но неговата флота броела сто бродови. Тука била една од најпрочуените морнасрки школи во светот, во која учеле многу од најпознатите адмирали во руската флота. Еден од професорите во неа - Матија Змаевич, бил прв адмирал на флота на рускиот император Петар I.
До Пераст се наоѓаат два мали острови: едниот е Свети Ѓорѓи, а другиот - Богородица од Карпата. На секој од нив откриваме по еден живописен параклис. Богородица од Карпата е единствениот вештачки направен остров во Кототскиот залив - на местото, каде во средновековието во карпест гребен под водата, двајци локални моранри ја откриле иконата на Света Богородица.