Пекинг

Пекин, Кина

Пекинг е главен град на Народна република Кина. Тој е политички, културен и образователен центар на државата, додека економскиот живот на Кина е доминиран од Шангај и Хонг Конг. Името на градот значи ''Северна престолнина'', следејќи ги традициите на Источна Азија статусот на главниот град директно се одразува во името на градот. Името Пекинг не одговара на современиот кинески изговор. На официјалниот дијалект името на градот се изговара Бејцзин. Во англискиот и некои други јазици во втората половина на 20 век името на градот е усогласено со вистинскиот изговор и се пише Beijing. Во исто време во македонскиот, бугарскиот и многу други западноевропски јазици се користи старото име (напр., порт. Pequim, холанд. и герм. Peking и др.).

Екскурзии и одмори до Кина »