
Педра де Луме е село во зеверозападниот дел на остров Сал. Селото се наоѓа на источниот брег, на околу 5 км. од главниот град на островот - Еспарагос. Педра де Луме е познат со своите солници, кои го започнуваат своето образување околу 18 век. Заедно со областа Кагарал и солниците околу планината, тие обрзуваат една од заштитните зони на територијата на островите Кабо Верде.
Кратерот Педра де Луме е стихнат вулкан со радиус од околу 900 метри. Областа е образувана од солни наноси изградени врз солено езеро кое се формирало при процесот на инфилтрација на вода од океанот, додека кратерот се' уште се наоѓал под морско ниво. На овој начин е образувана најниската точка на Кабо Верде.