
Најпознатата зграда во Романија - таа на Парламентот е изградена во “темните денови“ од режимот на Чаушеску. Височината й е 84 м, а под земјата достигнува длабочина до 92 метри! Има 12 катови и зазема површина од 64 800 км.кв., кое ја прави втората по големина административна зграда во светот (после таа на пентагон). Денес освен за седиште на Парламентот, огромната зграда се користи и како конферентен центар. Зградата на Парламентот се претврила во симбол на романската престолнина, и покрај спомените, кои ги носи, не се едни од најпријатните за повеќето локални жители. Пред некое време имало предлог булеварот, кој води кон него да го носи името “победата над комунизмот“. Но како што се кажува во еден романски виц, поправилно е булеварот да биде наречен “Победата на комунизмот над Букурешт“.