
Парламентот на Северна Ирска, познат како Стормонт се наоѓа во покраините на Источен Белфаст. Името му произлегува од неговата местоположба - Стормонт е името на овој дел од главниот град на Ирска. Во Стормонт била сместена Владата на Северна Ирска до 1972 г., кога таа се распаѓа. Во моментот тука заседава Собранието на Северна Ирска. Денес парламентот е отворен за посета, но обиколки може да бидат органиирани само со предварително барање. Исто така, туристите имаат можност да влезат во зградата и да ги набљудуваат дебатите. Во својот интериор, Стормонт воодушевува со Големата сала, која е импресивно украсена со италијански мермер травертин. Голем дел од декорот е дело на италијански мајстори, кои пристигнлаце тука специјално за декорацијата на Парламентот во 20-те години на минатиот век. Во внатрешноста можат да се видат и двете комори - Комората на општините и Комората на сенатот.