Парк "Гуел"

Барселона, Шпанија

Паркот ''Гуел'' е изграден во периодот 1900-1914 г. од Антонио Гауди, по порачка на гроф Еузебио Гуел. Првиот план ја вклучувал изградбата на 60 семејни куќи, од кои се изградени само две, една од која е претворена во музеј на Гауди. Од 1923 г. овој парк е во сопственост на општината. При влезот во паркот се наоѓаат големи скалила и талисманот на градот - шарениот мозаичен змеј. Искачувајќи се по скалите ќе се исправите пред огромни Доријански колони и плоштад, каде според оригиналниот план требало да има пазар. Над него е опширната тераса, оградена од познатата змијовидна клупа со шарен фајанс. Околу нив, се наоѓа природниот парк и кривулестите патеки. Денес паркот е објавен за споменик од светско значење и е под заштита на УНЕСКО.

Екскурзии и одмори до Шпанија »