
Олимписката ривиера е меѓу најатрактивните крајбрежја на Грција, која се наоѓа меѓу легендарната планина Олимп и азурните води на Егејско Море во должина од 70 км. Овој туристички центар предлага комбинација од песочни плажи, чисти води, забележителни археолошки објекти и големината на митската планина на Зевс - Олимп. Традиционалното грчко гостопримство и неповторлива природа ќе го претворат вашиот одмор на Олимписката ривиера во незаборавно доживување. За оние, кои сакаат да се опуштат и да се насладат на плажите, морето и природата, за тие кои сакаат да се забавуваат и за време на денот, и за време на ноќта и затие, кои сакаат да посетат едни од најголемите забележителности на Грција. Сето тоа во еден одмор - Вашиот одмор на Олимписката ривиера.