
На плоштадот на Ротондата се наоѓа Пантеонот - една од најдобро зачуваните згради од минатото во целиот свет. Како што сведочи неговото име, ова е храм, посветен на сите богови. Изграден е од Марк Агрипа, пријател и зет на императорот Август, во 27 г.п.н.е. како пагански храм на сите богови. Пантеонот претставува масивна кружна градба со триаголен фронтон, потпрен од 12 колонии. Првото нешто, кое остава впечаток, кога човек ќе влезе внатре, е, дека зградта нема прозорци и се осветлува од отвор на врвот на куполата. За време на христијанството во 609 г. градбата се претвора во црква, кое допринесува за нејзиното зачувување до денешно време. Внатре на местото, каде во минатото имало статуи на различни пагански богови, најповеќе на Марс и Венера, сега таму се наоѓаат гробовите на некои познати личности, меѓу кои Рафаело, Виктор Емануел II и кралицата Маргарита (создавач на оригиналната пица).