
Палма Џумејра е вештачки направен остров од компанија, која е во сопственост на Дубајската власт. Таа е најмалиот и најоригиналниот остров од сите три острови, а исто така и првиот вештачки направен остров во Дубаи. Изградбата започнала во 2001 година. Островот се состои од 16 листа, ствол и опкружувачки полумесец, кој е долг 11 км. Дијаметарот му изнесува 6 км. Полумесецот е бариера, која ја заштитува Палмата од морските бранови. Врз него ќе бидат поставени само хотели. "Короната" на Палмата се состои од 17 клонови-со поглед кон морето. Населените реони вклучуваат околу 8 000 двокатни вили. Стволот е централниот дел на Палмата, каде што се наоѓаат паркови, трговски центри, ресторани и многукатници. Големината на островот е 5 на 5 километри и општата површина е повеќе од 800 фудбалски игралишта. Вредноста на Палмата Џумејра приближно изнесува 14 милијарди долари.