
Пазарот Намдаемун, е огромен традиционален пазар во Сеул, Јужна Кореја. Тој е и најголемиот и најстариот пазар во Јужна Кореја. Пазарот Намдаемун датира од 1414 година, во периодот на владеењето на крал Таехонг, како пазар управуван од владата. Во 1608 г., крал Сонжо создава канцеларија, за да го управува данокот врз оризот, крпит и парите. Во тоа време, трговскиот пазар се' уште се формирал и трговските дејности доживеале расцвет, така што трговците создавале различни продавници. Пазарот бил многу пати опожаруван или руиниран како последица од војните кои се воделе во државата. Во 2007 година, Сеул објавува дека ќе го ремонтира и реконструира пазарот.