
Град Падова се наоѓа во североисточниот дел на Италија. Лежи на бреговите на р. Бакилионе и е на околу 40 км. западно од Венеција. Населението бори околу 200 000 жители.
Падова се смета за најстариот град во Северна Италија, се смета дека е основан во 1183 г. Во таа смисла, градот е богат со архитектурни објекти и споменици на културата.
Една од најпопуларните забележителности во градот е капелата ''Скровенџи'' (Scrovegni Chapel). Таму се наоѓаат многу фрески, изработени од Џото на почетокот на 14 век. Интерес за туристите на градот претставува и зградата на старата општина ''Палацо де ла Раџоне'', чијшто покрив се мсета за најголемиот незасилен со колони во Европа. Во градот можат да бидат разгледани и многу цркви, меѓу кои најпопуларна е католичката црква ''Сан Антонио'' (Basilica di Sant'Antonio da Padova), каде што се пазат останките на светецот.
Падова се гордее со својот универзитет, кој иманад 800-годишна историја. Интересен е фактот дека, Галилео Галилеј бил меѓу лекторите во универзитетот.