Пагодата на една колона

Ханој, Виетнам

Пагодата на една колона е историски будистички храм во Ханој, Виетнам. Изградена е од император Лј Тхај Тонг, кој владеел од 1028 до 1054 година. Храмот е еден од најемблематичните во државата. Неговата изградба има интересна историја: императорот немал деца, една вечер сонувал дека го сретнал богот Авалокитешвара, кој седи врз лотос и кој му подарил деца. Малку подоцна Лј Тонг се оженил за селска девојка и таа му подарила син. Како благодарност, императорот го гради храмот во 1049 г. во средината на езеро со лотоси, слична на тоа од неговиот сон. Првата пагода е разрушена од французите во 1954 г., но веднаш потоа е обновена.

Екскурзии и одмори до Виетнам »