
Пагодата на големата дива гуска се наоѓа во Ксиан, Кина. Изградена е во 652 г. во периодот на династијата Танг и првично била на пет катови, каде што се чувале будистички статуи и останки, собрани од монахот Суен Ѕан за време на неговите патувања. По наредба на императорката У, во 704 г. биле доизградени уште пет катови, три од кои биле силно оштетени за време на средновековните војни и се наложило да се отстранат. Денес пагодата е на седум катови и се издигнува на височина од 64 метри.