
Тран Куок е најстариот Будистички храм во Ханој, Виетнам. Изграден е во 6 век во времето на император Ли Нам Де. Пагодата се наоѓа на Западното езеро во близина на Ханој. Интересното за оваа пагода е дека, првично била изградена на бреговите на ''Црвената река'' и се нарекувала ''Кај Куок''. Но откако не можеле да се справат со плимата на реката, во 1615 г. била преместена до местото на кое се наоѓа денес. Мал канал ја поврзува пагодата со сушата.