
Отранто е едно од малите крајморски градчиња на Пулија, кои ја носат јужната атмосфера на Италија. Ова градче брои околу 5 000 жители. Расположено е на стратегиско место за лесен достап од Балканите до Апенинскиот Полуотсров по морски пат. Во минатото тука поминувал еден од главните патишта на Римската империја и граот служел како почетна точка за офанзива кон Балканите. Добро зачуван е средновековниот арагонски замок, овековечен во првиот готски роман во историјата - ''Замокот на Отранто'' на англискиот писател Хорас Волпол. Важно објекти кои треба да се посетат во Отранто се Катедралата, во која се зачувани едни од најубавите подни мозаици од целото Цредновековие, како и колони, за кои се смета дека се донесени од храмот на Минерва.