Отава

Отава, Канада

Отава е главниот град на Канада и четвртиот по големина град во државата. Се наоѓа во источниот дел на провинција Онтарио, на истоимената река.

Населението на самиот град е 808 391 жители, а целата градска општина има 1 146 790 жители.

 

Градот е основан во 1826 г. под името Бајтаун (Bytown), а во 1885 година го добива името Отава. Тој станува технолошки и политички центар на Канада. Првите градници на градот се шират постепено, низ вклучување на нови области. Во 2001 г. територијата на градот нарастува значително, со обединувањето на нови градови. Името „Отава“ произлегува од зборот “адање“ и значи „тргување“. Првично во градот се населуваат арци и французи и Отава станува мултинационален град со разнообразно население.

Населението на градот во 2011 г. е 883 391 жители, а населението во околината на Отава брои 1,236,324 жители. Марсер (консултантска фирма) го поставува градот на второ место по квалитет на живот во Северна Америка и на 14-то место во светот. Исто така Отава е класирана како вториот најчист град во Канада и на 3-то место во светот.

Екскурзии и одмори до Канада »