
Остуни, често нарекуван ''Белиот град'', е расположен на само 8 км. од источното крајбрежје на ''петицата на багажот''. Градот е познат со производтсвото на вино, висококвалитетното масло и со карактеристичната архитектура во бело. Создаден е во неолитот, како голем дијамант во својата предиталијанска историја, Остуни преминува од едни раце во други еднаш на секои сто години.
Денес најзабележителни за посетување се катедралата ''Успение на Богородица'', епископскиот дворец и многуте зачувани дворци на аристократски фамилии. До почетокот на вториот милениум, катедралата функционирала како православна црква, а во 13 век Фридрих II ја претвора во католичка. Откакао во 15 век е разрушена како резултат на земјотрес, црквата е изградена повторно, во готски стил.